Честитка на градоначалникот Борче Јовчески по повод Илинден 2022

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески им го честита големиот национален празник Илинден на своите сограѓани.

„Почитувани сограѓани,

На овој голем национален празник, сакам да ви го честитам Денот на Републиката, а воедно и големиот христијански празник Св. Илија.

Илинден не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Носечкиот код на македонската држава, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

Празнувајќи денес, оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија.

Пожртвуваноста и храброста на илинденците, а подоцна и на борците од НОБ, претставува наша обврска која не задолжува секогаш, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава, да стоиме цврсто на браникот на татковината и да ги чуваме илинденските идеали и заложбите на АСНОМ.

Нека ни е честит Илинден!

За многу години!“, стои во честитката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи