Во Прилеп одбележан Денот на сеќавањето на паднатите руски војници во Првата светска војна

По повод 1 ви август, Денот на сеќавањето кој се одбележува во Русија во спомен на паднатите руски војници во Првата светска војна, на Германските гробишта во Прилеп од страна на амбасадата на Руската Федерација беше организирана манифестација на која им беше оддадена почит на загинатите руски војници.

„Денес во Русија ние го одбележуваме Денот на сеќавање на руските војници кои загинаа во Првата светска војна – прва трагедија на глобално ниво. Добро се знае дека во текот на Првата светска војна 5.000 руски војници и официри кои ја ослободија македонската земја во составот на Втората и Четвртата руска бригада во Армијата на Источната Антанта храбро загинаа на Солунскиот фронт, а тука се погребани 10 руски војници. Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот Јовчески, на сите граѓани за грижливото однесување кон споменикот на руските војници“, посочи амбасадорот Баздникин.

Во знак на сеќавање и почит на паднатите борци се одржа панихида и беа положени венци свежо цвеќе.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи