ВИДЕО – Македонија малку знае со колку и какви водени ресурси располага – спелео нуркачите влегоа во изворот на Црна река


После Врело на Матка и Изворот на Бабуба на Јакупица, спелео нуркачите од Македонија продолжуваат со истражувањето на подземните водени ресурси на нашата држава. Овој пат влегоа во изворот на втората по големина река во Македонија, Црна река, кај селото Железнец во Демир Хисар. Нуркачите се спуштиле во изворот во должина од 120 метри и длабочина од 20 метри.Станувало збор за огромен воден басен, кој досега воопшто не бил соодветно истражуван.

Самата експедиција е тешка, бидејќи нуркаме во тесен простор и бара многу покомплицирани услови за да се изведе сето тоа. Влезот е многу тесен, низок, каде има мал неандер и потоа се спуштаме на длабочина од 4 метри, тоа е тесен канал, па потоа продолжуваат и се отвораат други канали кои водат кон понатамошни нови истражувања за кои треба да се организира една сериозна експедиција“, рече Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка федерација на Македонија.

Целта била да се истражат сите водни ресурси кај нас и да се знае со што располага нашата држава, затоа што со климатските промени водата ќе биде основниот фактор за опстанок.

Да видеме со што располагаме од природни ресурси, што имаме, во колкав број и до каде се тие граници на науката. Во наредните години се повеќе ќе се обрнува внимание на овие истражувања затоа што водата е еден од најклучните фактори на планетата Земја, за опстанок на човештвото и за општото добро на сите, бидејќи тој извор е со голем потенцијал и доколку се продолжи со понатамошни научни истражувања може да преставува и голем снабден извор за локалното население, па и поширокиот регион“, додаде Неданоски.

Експертите велат дека државата многу повеќе треба да се вкли во ваквите истражувања, и со пари и со набавка на сооодветна опрема за испитување, затоа што скоро сите други држави во Европа веќе имаат ги имале мапирано своите водни ресурси.

Во другите држави веќе многу одамна се истражувание сите големи потенцијални извори, затоа што станува збор за извор кој е многу познат и за локалното население и за самата јавност тука кај и се обрнува големо внимание, затоа што водата е еден од главните фактори за живот, без неа не може да опстојува човештвото, природата, не можеме да функционираме и навистина таму се обрнува големо влијание на истражувањата, вложува државата затоа што тие ресурси со кои располага во моменти, во вакво време кога влијаат многу климатските промени и наглите промени на природата се главен фактор за да знаеме со што располагаме и колкав процент можеме да искористиме од тоа“, велии Неданоски.

Спелео нуркачите очекуваат во иднина многу поголема поддршка и соработка од надлежните институции на ова поле, се со цел добивање на релевантни податоции со кои и колку водни ресурси располага Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи