ВИДЕО – Бранителите од Карпалак: УЧК доби споменик од 200.000 евра, а ние 21 година нема каде цвеќе да положиме, заборавени сме од сите


И додека членовите на УЧК добија споменик вреден над 200.000 евра во Слупчане, 21 година од случувањето на Карпалак ниту една Влада во Македонија досега не сака да подигне споменик на местото од трагедијата, а цвеќето срамно со полага на банкината од патот. Ова е ставот на преживеаните од Карпалак кои и понатаму тврдат дека сите биле жртви на предавство, но овој случај никој немал желба да го расветли – Зошто загинаа 10-те мина прилепчани? Попладнево во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше положено свежоп цвеќе за загинатите.

„Кажано е се, се што побаравме ништо не добивме. Јас 20 години одев на Карпалак и секоја година истата тема, барем едно камче да поставија за да има каде да се положи цвеќето. Го положуваме на банкина и првото возило кое ќе помине ќе го оддува цвеќето. Албанците 200.000 евра направија споменик видиковец, а нашите што направија?“, рече Ацо Јованоски – Реган, возач на автобусот на Карпалак.

 

„Мислиме и убедени сме дека на некој начин бевме предадени за некои цели, дали политички или други незнам, но сигурно бевме предадени. А тоа од кого е малку тешко прашање “, додаде Игор Петрески, претседател на здружение „Карпалак“.

Бранителите од 2001 година велат дека не добиле ништо од тоа што требало за овие 2 децении и од тоа што им се ветувало. Сега пак биле комплетно заборавени и на нив политичарите се сеќавале само на ваквите настани.

 „Имаше многу барања од образование, социјален пакет, вработувања, здравствено осигурување, имавме повеќе барања, но не наидовме на никое“, истакна Игор Петрески, претседател на здружение „Карпалак“.

Од АРМ порачаа сите да придонесеме овие настани никогаш да не се повторат повеќе.

„Тагата и болката остануваат особено кај најблиските, но останува и гордоста што беа наши сограѓани, дел од нашата единица, наши сограѓани, ваши синови, сопрузи и татковци. Останува обврската наша и идните генерации, споменот за нив да го чуваме, да го негуваме, да се сеќаваме на 2001-вата, но да не дозволиме никогаш да не се повтори“, изјави Славчо Кузманоски, потполковник, командант на гарнизаон Прилеп.

Главното одбележување на овој ден е утре со пригодна свеченост и положување на свежо цвеќе пред споменикот во центарот на Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи