Вечерва концерт на Влатко Груевски „10 години со вас“

Вечерва на програмата на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ концерт ќе одржи Влатко Груевски со својот соработник Андреј Наунов.

За тенорот Влатко Груевски оваа 2022-ра година е 10-та јубилејна и концертот во Крушево е насловен „10 години со вас“. Настанот ќе се одржи на „Летна сцена“, музеј на НОБ, со почеток во 21 часот.

Синоќа се одржа фестивалот за деца „Весели ѕвончиња“, а во тек е изложба на Зоран Кардула – Star Wars & Makedonium Exhibition која беше отворена на 4-ти август.

Последните два дена од Манифестацијата содржат изведба на монодрама „Женска утопија“, на 9-ти август од 20:30 на „Летна сцена“ и на затворањето ќе настапат Дац и Александар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи