ВИДЕО – Николоски: Во Прилеп царува мафијата која е поврзана со полицијата, ниту еден случај на запалено возило не е расчистен


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во Прилеп обвини дека градот се претворил во див запад, каде царува мафијата која пак според него била поврзана со полицијата.

„За жал градот се претвори во град од див запад, град во кој што царува мафијата која е во спрега со оние кои треба да го спроведуваат законот, мафијата која што не само што не е сузбиена од полицијата, туку е во соработка со истата. Поминуваат недели, а од некои случаи дури и месеци без да се откријат сторителите на запалените возила тука во Прилеп, пред се тука мислам на пратеникот Петар Ристески кој е денес со мене, исто така на директорот на јавното претпријатие, на вработена во Општината и бројни други случаи за кои што чаршијата во Прилеп гласно зборува, ама ете надлежните органи никако да ги откријат.

Ги повикувам да ги откријат затоа што добро знаеме сите кои се, после промената на власта секако дека ќе бидат откриени и казнети, но заради безбедноста во градот добро е да бидат веднаш процесуирани, затоа што ниту еден криминал нема да биде заштитен“, рече Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи