Поскапуваат бензинот и нафтата за домаќинства

Play Video

Вечерва по полноќ ќе се зголемат цените на бензинот и на нафтата за домаќинствата, додека цената на дизел горивото нема да се менува. Бензинот од 95 октани ќе поскапи за половина денар, а за еден денар по литар ќе поскапат бензинот од 98 октани и нафтата за домаќинствата

Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 90,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,418 %.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи