Седми меморијален меѓународен ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Play Video

Во знак на сеќавање на нашиот сограѓанин и спортски работник Миле Нешкоски оваа година се организира седмиот по ред меморијален меѓународен ракометен турнир во негова чест. Турнирот ќе се организира на 26, 27 и 28 август.

Новина оваа година во организацијата на турнирот е гостувањето на 2 странски екипи, односно РК Дубочица од Лесковац, Република Србија и РК Паок од Солун, Република Грција, кои и тоа како ќе допринесат во зголемување на квалитетот на турнирот.

„Учесници се екипите на РК Прилеп, РК Паок, РК Струга, РК Дубочица, РК Скопје и РК Мулти Есенс. На 26.08 во петок од 16:30 часот имаме положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски пред универзалната сала и свечено отворање на турнирот. После тоа во 18 часот го имаме првиот натпревар помеѓу екипите на домаќинот РК Прилеп и РК Паок. Во 20 часот играат РК Дубочица и РК Мулти Есенс. Во сабота натпреварите почнуваат во 10 часот и првиот натпревар го играат РК Паок и РК Струга. Во 12 часот играат РК Дубочица и РК Скопје, во 18 часот играат РК Прилеп и РК Струга, додека во 20 часот се РК Скопје и РК МУлти Есенс. После одигрувањето на натпреварите во група, во недела се игра разигрување за место, во 9 часот се игра за 5 место, во 11 се игра за 3 место, а во 13 часот е финалниот натпревар. Во 14:30 часот имаме свечено доделување на награди и затворање на турнирот“, изјави Рубинчо Седлоски, член на организациониот одбор.

Делегирањето на судиите веќе е направено, односно ќе има меѓународни и суперлигашки судиски двојки, а нема да бидат изоставени и судиите и делегатите од нашиот град.

Покрај традиционалените награди за прво, второ и трето место, за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман, од оваа година започнува да се доделува и Наградата за трајни вредности за развојот на ракометот во Прилеп, со цел да се даде признание на личностите кои најмногу придонеле за тоа.

Како организатор на турнирот се јавува организационен одбор, кој што функционира во тесна соработка со РК Прилеп. Членови на организациониот орбор се ракометниот судија Рубинчо Седлоски, сопственикот на приватната компанија „Матадор“ Игор Стеванов, генералниот директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Игор Гулабоски, претседателот на „РК Прилеп“ Александар Мариноски, а како помагач на турнирот се јавува и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

„Без приватниот сектор оваа година немаше да се организира меморијалниот турнир, бидејќи трошоците се малку поголеми, гостуваат екипи и од странство и затоа мора да се заблагодариме за нивната помош“, изјави Седлоски.

Натпреварите на турниот ќе се играат во спортската сала на средното општинско училиште „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп.

„Тука имаме еден проблем во нашиот град, каде што долго време кажувам дека во спортска инфраструктура сме најлошиот град во Република Македонија. За жал ја баравме универзалната спортска сала, но од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен простор до ден денес немаме одговор. Доколку ја добиевме таа сала за да се организира овој спортски турниор, секако дека организацијата ќе беше на едно уште повисоко ниво“, рече Седлоски.

Влезот е слободен, нема да има влезници, така да се повикуваат сите љубители на спортот, на ракометот да ги посетат натпреварите на седмиот меморијален меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ и да уживаат во ракометната игра.

в

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи