ВИДЕО – Европската елита од 26 држави во воздухопловно спортско моделарство на Европското првенство во Прилеп


Над 200 припадници на Европската елита во воздухопловно спортско моделарство се присутни деновиве во Прилеп како дел од Европско првенство во овој спорт. Натпреварите се одржуваат кај селото Веселчани, а има присутно натпреварувачи од 26 држави. Ова досега е едно од поголемите вакви првенства кои се организирале во Прилеп.

„Ова е одлично место за развој на овој вид на спорт. Целта на секој  лет е моделот да остане што е можно повеќе во воздухот, 3 или 4 минути. Има различни модели, вчера се натпреваруваа едрилици, денеска модели со гумен мотор, а утре ќе се натпреваруваат модели со клипен мотор“, вели Иан Каин, претседател на жирито од Англија.

 

„Овој шампионат е прв кој што го имаме во оваа класа откако 2 години ни беа стопирании сиите активности поради ковид пандемијата. Учеството е одлично, сите големи имиња од овој спорт се тука во Прилеп и имаме натпревари во три класи“, кажа Антониос Пападопулос, член на жирото од Грција.

Овој спорт бара доста психофизичка подготвеност како и големи познавања на електрониката и аеродинамиката.

„Овој спорт бара не само физичка спремност, бара психичка спремност, кондициони припреми до крајнии можни граници. Познавање на многу елементи од техника на летање на воздухоплови, не е битно дали се тоа беспилотни или пилотни. Законите на физиката и аеродинамиката се исти за сите летала. Познавање на електрониката и нејзино вметнување на голема врата на електрониката во овој тип на воздухопловни модели и трето користењето на материјалите во изработката на  овие модели“, рече Здравко Тодороски, организатор на Европскиот куп.

И оваа година прв како и пред пандемијата е Пер Финдел од Шведска. Кој вели дека овој спорт сепак не е многу популарен кај младите бидејќи треба да се вложи многу повеќе труд и знаење за разлика пример од фудбалот.

„Го сакам овој спорт бидејќи е надворешен спорт, има многу техники кои треба да се совладаат, има многу механика и електроника, како пловење на брод или возење на автомобил. Многу фактори се значајни за овој спорт. Но секоја година не има се помалку, младите денес не ги интересира ова бидејќи одзема време, еден фудбалски натпревар трае 90 минути, а тука 2 дена“, вели Пер Финдел, учесник од Шведска.

Прва во женска конкуренција беше Тереза Восипкова од Чешка.

„Многу ми е мило што оваа година дојдов во Македонија бидејќи ова е прва година како жените се натпреваруваат во овој спорт заедно со мажите и многу ми е мило што сум прва тука. Нема многу девојки во овој спорт, но има еве вакви исклучоци како мене“, додаде Тереза Восипкова, учесник од Чешка.

Во екипна конкуренција пак најдобри беа Словенците.

„Имавме убаво време вчера и денеска, а ќе биде и утре. Ниеи победивме екипно. Беше тешко, имавме 3 финални летови. Организаторот се труди ова да биде едно одлично натпреварување, само најдобро можам да кажам за Прилеп и Македонија“, рече Бошња Багари, учесник од Словенија.

Организатр на целиот овој настан е воздупловниот клуб од Прилеп „Фил Феникс“. Претходно изминатиов викенд во Прилеп се одржаа и Светскиот куп „Прилеп куп-трофеј на Прилеп“. Само на овие два натпревари во Прилеп имаше присутно околу 2.000 посетители, дел директни учесници на натпреварите, а дел придружба во нивните тимови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи