Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ донира 100.000 денари за семејствата на четирите опожарени куќи во Прилеп

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Светскиот ден на хуманоста, донира 100.000 денари на „СОС Детско село“ и 100.000 денари за семејствата на четирите куќи од Прилеп кои неодамна беа опожарени од удар на гром.

„Длабочината на метафората која произлегува од насловот на кампањата, укажува на зголемување на глобалната свест за хуманитарната работа. Ако го разбудиме човекот во секој од нас, сите можеме да бидеме хумани. Денес, како никогаш порано, потребни сме си едни на други. Поаѓајќи од своите цели и начела, да бидеме „подадена рака“ на оние на кои им е потребна, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во  чест на Светскиот ден на хуманоста, донира 100.000 денари на „СОС Детско село“ и 100.000 денари за семејствата на четирите куќи од Прилеп, кои неодамна беа опожарени од удар на гром“, објавија од фондацијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи