ВИДЕО – Струјата од сончеви панели недостижна за граѓаните – џабе законски измени со голема бирократија


Иако се случија законски измени со кои граѓаните односно физичките лица на своите покриви можат да произведуваат енергија од сончеви панели до 6 KW сепак бирократските процедури за поставување на истите според експертите воопшто не биле изменети. Според експертите непотребно се губело време и се давале непотребни околу 2.000 евра трошоци за разни мислења, проекти и одобренија за градба, а поблем било и тоа што досега никој немал од ЕВН добиено двосмерно броило, односно броило со кое граѓаните ќе може да ја продаваат произведената струја. Нејасно е и зошто се ограничува количината на само 6 KW.

„На сред енергетска криза каде што секој киловат час нас ни е повеќе од потребен мене не ми е јасно зошто се ограничува таа енергија да биде до 6 KW кога е познато дека сите наши соседи ја имаат таа дозволена енергија до 30 или 50 KW. До овој момент мене не ми е познато дали некој воопшто има инсталирано и одобрено ваков систем од универзалниот снабдувач, затоа што сите ние дома имаме двотарифни броила, но за да функционира овој систем нас ни се потребни двосмерни броила“, истакна Зоран Митрески, експерт за енергетика.

Поради сложените процедури и изведувачите се откажувале од принципот клуч на рака, затоа што дури и тие не можеле да излезат на крај со вадењето на сета според нив непотребна документација, особено во период кога не очекува страшна криза за електрична енергија и кога цената за истата оваа зима се најавувала да надмине 1.000 евра за мегават час.

„Затоа што ако имаме или сме на сред некоја енергетска криза тоа исто како и воена или економска криза, нештата треба да се воведат веднаш и да бидат во функција веднаш. Многу изведувачи кои се во една хаотична ситуација не им е јасно како да ја изведат оваа ситуација од почеток до крај, што е многу фрустрирачки. Имаме некои земски богови тука кои што прават се и сешто овој систем да не профункционира“, додаде Митрески.

Токму поради оваа состојба голем број физички лица кои сакаат да наместат вакви панели се откажуваат уште на самиот старт. Додека за правните лица ситуцијата се подобрила и процесот сега за добивање на дозвола траел околу 3 месеци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи