Искинати кабли на ул. „Јоле Андоноски“ – Жителите се жалат: „4 часа не може да добиеме никој во ЕВН“


Од силниот дожд и ветар кој го зафати попладнево Прилеп, околу 16 часот, се искинале кабли од електричната енергија, на ул. „Јоле Андоноски“. И по 4 часа каблите стојат на улицата, а жителите се жалат дека 4 часа не може да добијат никого во ЕВН за да дојдат екипи и да се санира дефектот. Велат дека до пред малку од каблите излегувале искри, се плашат дека доколку се уште се под напон може да се случи несреќа. Дел од улицата нема воопшто електрична енергија. Бараат итна реакција на ЕВН.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи