ВИДЕО – Во Крушево се одржа првиот саем за бизнис и туризам и промоција на крушевската економија

Play Video

Во Крушево се одржа првиот саем за бизнис и туризам на кој се претставија локални компании како и угостителите и претставниците на туристичкиот сектор во градот. Целта е локалната економија и убавините на Крушево да се претстават пред потенцијални инвеститори од странство и Македонија и пред тур операторите кои во иднина би носеле повеќе туристи во овој град.

„Постојната локална економија ќе се прошири на тој начин со тоа што ќе се насочат кон извоз. Ќе се ориентираме претежно на извоз. Стопанствениците ќе го пронајдат својот интерес тука, да склучат конкретни договори со конкретни стопанственици“, вели Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Саемот се организира од Општина Крушево со поддршка на агенцијата ЕУРОСТЕП. Целта била вакви саеми да се организираат во повеќе општини, за да не само Скопје туку и другите помали општини се презентираат пред европските инвеститори.

„Ние имаме веќе одреден број наши клиенти, работиме на принципот Б2Б бизнис, со една страна имаме клиенти кои од една страна велат нат ни треба тоа и тоа така ние ги спојуваме тие две страни“, вели Шемса Емшериеф, агенција ЕУРОСТЕП.

 Туризмот е основната стопанска гранка во Крушево и целта преку овој саем е да се промовира градот пред што е можно повеќе странски гости. Во состав на тоа се промовираат и домашни еко производи на крушевските домаќинки карактеристични за ова подрачје, а кои ги бараат туристите.

„Произведуваме производи кои ги нудиме на туристите „Домашно е, од Крушево е“. Сите се прават од природни тревки, имаме и слатка и ајвари, мармалади, се што е природно. И кога доаѓаат гостите ние им го нудиме и по вилите, каде се сместуваат, исто поставуваме и тезга и си продаваме во центарот на градот“, рече Елица Ѓорѓиеска, здружение „ФИЛ Крушево“.

 

„Како здружение отидовме и еден чекор понапред во давањето на услугите во вилите и собите за издавање. Со тоа што набавивме 3 парочистачи за да може чистењето на просторот да биде со пареа, а не со хемиски средства кои ја загадуваат околината“, истакна Лефкија Гажовска, Здружение за туризам и угостителство.

Во иднина се планира уште поголема организација на овој саем со учество на повеќе компании од странство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи