Јада и Цветановска без конкуренција на фис ролер куповите во Крушево и Пелистер


Завршија и првите ФИС ролер ски купови во Пелистер И Крушево. На трките на 5 км. жени Ана Цветановска го освои 1 место, односно двата дена победи во Пелистер на трките од 5км. Во машка конкуренција пак Ставре Јада победи на двете трки односно двата дена на трките од 10 км.

Ден после Пелистерските трки следуваше одмор, а потоа следуваа трки во ушево спринт на 1.2 км, 12 км. и 10км. Односно на спринтот во финалето Ана Цветановска беше убедлива во женска конкуренција додека кај мажите триумфираше Ставре Јада. На трката од 12км во машка конкуренција Ставре Јада беше прв и патеката ја мина за 38мин, додека Ана Цветановска на 6км. во женска конкуренција беше прва исклучиво без конкуренција, и освојувајки 85. фис поени што е најдобриот резултат во нордиското скијање во женска конкуренција.

 

И третиот ден на трките во Крушево 10км. во машка конкуренција му припадна на Ставре Јада кој освои 51 фис поен што е најдобриот резултат во Нордиско скијање во Македонија, а на трката на 5км Ана Цветановска ја нанижа и 5тата победа, стазата ја мина за 21мин и повторно направи сензација и освојувајќи 85 фис поени.

Јада и Цветановска едноставно без конкуренција минаа на овие фис ролер натпревари со овие резултати веќе се длабоко навлезени во норма за Светски КУП оваа зима.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи