Кампања – граѓаните да бидат самосвесни и да ги идентификуваат различните облици на корупција


Младите агентки за борба против корупција од општина Прилеп ја водат локалната кампања „Младите за транспарентно вработување“. Изминатиот период беа испратени 13 Барања за пристап до информации од јавен карактер до јавни институции на ниво на општина Прилеп и беа опфатени 206 средношколци, студенти и граѓани во Прилеп преку анонимен анкетен прашалник кој беше спроведен онлајн, преку инфо ден во центарот на Прилеп и во средните училишта СОУ Гимназија „Мирче Ацев” и СОУ „Кузман Јосифовски – Питу”.

На фотографиите се се прикажани информации од наодите од анкетниот прашалник кој беше спроведен на ниво на општина Прилеп. Целта на младите е да ги мотивираат институциите и локалното население да бидат самосвесни и да ги идентификуваат различните облици на корупција, во насока да сите како општество придонесеме кон намалување на истите.

 

Визија на младите агентки е да придонесат кон еднакви можности за вработување на сите, со посебен фокус на младите како целна група.

Проектот „МЛАДИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА” е финансиран од Австриската агенција за развој (Austrian Development Agency) преку програмата „Југоисточна Европа – Заедно против корупција” на Регионалната антикорупциска иницијатива (Regional Anti-Corruption Initiative – RAI) во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC – United Nations Office on Drugs and Crime).

Проектот го спроведува Коалиција СЕГА во партнерство со Агенција за млади и спорт (Agency of youth and sport) и СИ Комуникации (Si Communication).

#YOUthAgainstCorruption #младипротивкорупција #EuropeanYearOfYouth

Автор: Коалиција СЕГА

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи