Нови насилства и апсења во Прилеп и прилепско

Насилството, криминалот и апсењата во Прилеп и прилепско стануваат секојдневие.

На 28.08.2022 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.П.(23) од Прилеп. Имено при  преглед кај него на ул.„Карпалак“, во близина на железничката станица, пронајдена и одземена е марихуана. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така во текот на вчерашниот ден во ОВР Прилеп, С. М.(46) од с.Тополчани, прилепско пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.Ш.

Денес пак, 73 годишната Б. Џ. од Битола пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзината внука Б. Е. од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаеви на насилство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи