Бочварски: Фотоволтаици ќе може да поставува секој без дозвола од општината

Play Video

Граѓаните и фирмите ќе можат да поставуваат фотоволтаици за производство на струја на покривите без да бараат одобрение од општината, најави денес министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Фотонапонските централи можат да бидат поставени кај домаќинствата до 6 киловати и кај правните лица до 40 киловати, а на колективните згради може да се постават од страна на заедницата на станари, но електричната енергија да се користи само за заедничките простории. На граѓаните нема да им биде потребно одобрение или решение од општината. Инвеститорите треба само да ја известат матичната општина и да достават извод од централен регистар доколку се работи за фирма, или копија од лична карта ако се работи за физичко лице. Потребен ќе биде и имотен лист за објектот или договор со сопственикот на објектот, како и основен проект за поставување на фотонапонска електроцентрала.

„Мора да се ангажира лиценциран изведувач, а се пушта со потпишување на негова изјава во која гарантира дека е изведена според проектната документација, односно дека не надминува 6, односно 40 киловати и дека во спротивно тој ќе одговара кривично. Приклучокот потоа се приклучува до ЕВН, а контрола врз градбата ќе вршат градежните инспектори. Со ова би сакал да потенцирам дека излегуваме во пресрет на коморите, бизнис-секторот, компаниите и граѓаните, а неискористената енергија на домаќинствата се враќа во енергетскиот сектор, односно се впушта во системот“, наведе Бочварски.

Тој додаде дека е информиран и од министерот за економија Крешник Бектеши дека се скратува и процедурата во ЕВН за обезбедување приклучок со фото-централата која одземаше време.

Бидејќи се наоѓаме во сериозна светска енергетска криза, Бочварски апелираше пратениците да ги изгласаат овие измени на Законот за градба со цел да се помогни на стопанството, но и на граѓаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи