Дополнителни 10,3 милиони долари поддршка од САД за демократско општество и конкурентна економија

Facebook
Twitter
Email
Print
Play Video

Дополнителни 10,3 милиони долари американска поддршка за развој на демократско општество и за конкурентна економија, ќе добие земјава со амандманот на Договорот за грант за партнерство за развој со САД. Амандманот го потпишаа денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на УСАИД во Северна Македонија Џери Дајбл, во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Како што нагласи Бесими, со овој амандман, досегашната ефектуирана вредност од Договорот е 22,1 милион долари од вкупно планираните 56,6 милиони.

Според министерот, поддршката што ја добива земјава од САД во овој период на криза продлабочена со руско-украинскиот конфликт, е од големо значење. Преземањето мерки и активности за градење отпорни и одржливи економии, во овој момент, потенцира Бесими, е од исклучителна важност.

„Стратешката определба на нашата земја од нејзиното формирање е евроатланското интегрирање. Посветеноста кон оваа цел се огледа и преку нашиот иако долг, но непоколеблив пат, кој резултираше на наша голема гордост и задоволство со добиеното членство во НАТО во 2020 година и почетокот на пристапните преговори со ЕУ годинава. Без двоумење ќе кажам дека наш постојан и посветен партнер и поддршка во овој процес беа нашите пријатели, САД. Потврда за тоа е и денешното потпишување на амандманот на петгодишниот Договор за грант за партнерство за развој. Со овој документ, со кој САД ни доделува дополнителна поддршка во износ од 10,3 милиони долари, се поддржува развојот на демократското општество и конкурентна економија, како вредности на кои го темелиме нашето општество“, рече Бесими.

Со амандманот, дополни, се зголемува поддршката за активности кои ќе овозможат градење поодржливо општество.

Осврнувајќи се на петгодишниот Договор за грант за партнерство за развој потпишан во мај  лани, министерот потсети дека со него се дава поддршка за системските цели: зајакната економска конкурентност, зголемена продуктивност, повисока интеграција на евроатланските и регионални пазари, зајакната безбедност и сигурност, зголемен придонес на младите во општеството, зајакнати економски можности и подобрени социјални вредности кај младите, поддршката за активности за борба против корупција, зајакнување на отченоста на јавниот сектор и на општата култура на отчетност кај граѓаните.

„Во овие насоки ќе бидат спроведени конкретни мерки кои ќе придонесат во градењето на демократска, конкурентна држава“, подвлече Бесими.

Во обраќањето тој укажа и дека покрај политичката поддршка, досега нашата држава има добиено и значителна финансиска поддршка од страна на американската влада преку УСАИД, која од 1993 година досега изнесува околу 840 милиони долари.

Директорката на УСАИД Џери Дајбл рече дека заедничките цели од Договорот се во три клучни области: поголем економски раст преку подобрена конкурентност, намалување на пречките за евроатлантските пазари и енергетска безбедност, зголемен ангажамн на младите, борба против корупцијата и развивање култура на одговорнопст.

„Двете страни се обврзуваат да работат заедно и да ги спроведат иницијативите кои се од корист за земјата“, истакна Дајбл.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи