ВИДЕО – Над 600.000 евра инвестиции во СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп за подобар наставен процес


Средното општинско училиште „Орде Чопела“ е подготвено да ги прими своите ученици назад во училишните клупи. Спремни сме на 1 септември да ја започнеме новата учебна 2022/2023 година. Оваа учебна година ја започнуваме со зголемен број на ученици. Можеме да се пофалиме дека уписот квалитетно и успешно го извршивме затоа што запишавме 135 ученици во 8 паралелки, што значи бројот на паралелки во нашето училиште во моментот достигна 30 паралелки кои ќе изведуваат настава во прва и втора смена, вели Анета Пејоска, директор на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп.

„Учениците ќе се вратат во комплетно реконструиран и реновиран објект. Почнувајќи од надворешноста, реконструирано е кошаркарското игралиште, реконструиран и партерно уреден е и училишниот двор. Направена е дренажа на игралиштето. При влез може да се забележи дека комплетно е реконструирана фасадата во училишниот објект, реконструирани и променети се и училишните врати низ целиот објект, училиштето е молерисано, променети се подовите на сите 3 ката, реновирани се и трите стари лаборатори.

Набавени се нови бели и смарт табли, проектори, компјутери за сите училници и кабинети и за кабинетот по информатика, набавени се завеси во сите училници на училиштето. Реконструирани се подовите во ходниците, променета е оградата по скалилата и комплетно се рекнструирани и обновени тоалетите за учениците по најнови и најсовремени стандарди.

Ние во „Орде Чопела“ се грижиме за нашите ученици од почеток до крај на нивното школување, вложуваме во нивниот воспитно образовен процес и сите заедно успеваме да нашето училиште го достигне врвот во моментот каде што се наоѓа сега. Благодарна сум до сите колеги кои заедно, спремно и макотрпно работеа за до го добиеме овој успех што го имаме денес.

Нашето училиште денес брои голем број на ученици, за разлика од претходните години бројот постојано се зголемува, учениците се успешни во сите сфери, учествуваат на голем број натпревари, добиваат награди, добитници сме на награди од Фондот за иновации и технолошки развој, учествуваат во голем број на Еразмус проекти и други натпревари каде добиваат голем број на награди.

Само заедно, посветено сите можеме да успееме и јас се надевам дека ќе продолжиме по патот кој што сме си го зацртале како училиште. Тука ја користам можноста да се заблагодарам за поддршката која што постојано ја добиваме, за средствата кои ги добиваме од Министерството за образование и наука и локалната самоуправа и да се заблагодарам и да бидат сигурни дека заедно ќе продолжиме по патот кој заедно сме го зацртале. Среќна нека ни е и успешна новата учебна година“, истакна Пејоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи