Вчерашното невреме го доуништи и онака катастрофалниот пат за Дреновци

Вчерашниот обилен дожд уште толку го доуништи и онака катастрофалниот пат кој води до селото Дреновци во Општина Долнени. Жителите велат дека до селото со ваков пат се стигнува само со теренско возило или со хеликоптер. Обвинуваат дека со години патот е во ваква состојба, а ниту една власт не сакала да преземе ништо. Бараат итна реакција од Општина Долнени за да се санира и реконструира овој патен правец.

 

 

 

 

Градоначалникот пак на Општина Долнени, Урим Ибески, во телефонска изјава ни истакна дека за да се среди патот бара соработка со локалното население, затоа што дел од него не дозволувало да се ископаат одводните канали покрај патот. Веќе бил испратен багер од Општината да го санира патот и биле испратени инспектори на терен.

„Барам соработка од населението затоа што мора прво да се ископаат каналите, за да водата не прелева на патот, па потоа да се тампонира и асфалтира. Доколку ја имаме оваа соработка, јас гарантирам дека најкритичните 700 метри од патот ќе ги асфалтирам до Нова Година. Но ако не се исчистат каналите се ќе биде залудно, водата повторно ќе го однесе и новиот асфалт“, вели Ибески.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи