Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Прилеп

На 01.09.2022 околу 18.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од улиците „Јоска Јорданоски”, кеј „1-ви Мај” и „Бранко Секулоски Белата” во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(38) од Прилеп, удрило во велосипед управуван од К.С.(53) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.С., констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид извршила екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи