ВИДЕО – Завршува проектот „E Help Македонија подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување“


Овој месец завршува имплементацијата на проектот „E Help Македонија подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување“, кој се имплементираше во општините Прилеп, Кривогаштани,  Долнени, Градско, Велес и Чашка, а чија цел подобрување на социјалните услуги за маргинализираните групи. Проектот се реализира со поддршка на Австриското министерство за социјални работи, Мрежата на Лагови, ЛАГ АГРО ЛИДЕР и ЛАГ Вардар ЛЕАДЕР.

„Да им овозможиме на луѓето во социјален ризик во нашето општество пристап до информации и остварување на своите права и со тоа да дадеме придонес за едно поинклузивно и поправедно општество“, вели Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Во рамки на проектот во соработка со Центарот за социјална работа од Прилеп се отворија и 2 подрачни канцеларии во Кривогаштани и Долнени, се создадоа мобилни тимови кои одеа и во најоддалечените населени места, а се креираше и „E help“ платформата преку која граѓаните можат да се информираат за своите права, услугите кои ги дава Центарот, како и за мерки од националните програми за вработување. Се надеваат дека ќе се обезбедат средства и за понатамошно функциониирање на овие подрачни канцеларии.

„Се надевам дека проектот ќе продолжи и понатаму и после 30 септември. Затоа што насушна потреба е информирањето на граѓаните кои права и услуги им следуваат. Центарот за социјална работа е отворена институција, но не секогаш може да допрете до најоддалечените рурални средини, затоа што ние само на територија на Општина Прилеп имаме 35 населени места, а заедно со Кривогаштани и Долнени се од 100 до 150 населени места кои треба да се опслужуваат“, изјави Дејан Тошески, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

 

„Се направија многу иновативни пристапи, како етаблирање на онлајн платформата преку која се обезбедуваа информации како да се пристапи до системот за социјална заштита, како да се има пристап до правата и услугите. Но и етаблирање на мобилните тимови на социјални работници кои одеа директно до луѓето да се информираат за нивните реални потреби и да ги информираат каде може да ги добијат различните услуги во регионот“, рече Харолд Фугер, аташе на Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

 Мрежата на Лагови и ЛАГ АГРО ЛИДЕР ќе продолжат и понатаму да овозможуваат советодавна и информативна поддршка за жителите на руралните средини и се надеваат на поголема поддршка и од општините и бизнис заедницата за да се даде поголем придонес за социјална правда во нашето општество.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи