Пронајдена дрога, приведени дилери во Прилеп и Битола


Полициски службеници од СВР Битола, ОВР Прилеп и ПС од ОН Прилеп вчера на ул. „Скопска“ во Прилеп ги лишија од слобода Ч. К. (32) и П. И. (36), двајцата од Прилеп, кај кои биле пронајдени  две кеси со  кафеава прашкаста материја. Лицата се задржани во ОВР Прилеп, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Исто така вчера полициски службеници од СВР Битола , ПС од ОН Битола го лишиле од слобода Н. Д.(25) од Битола, кај кого е пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица Битола и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи