Прилепчанката Теа Настоска освои бронзен медал на Балканското првенство во џудо во Турција


Прилепчанката Теа Настоска, член на ЏК Сеишин Прилеп, го освои 3-тото место во категоријата до 40 кг. на Балканското првенство во џудо, во Кочаели, Турција, кое се одржува во организација на Балканската џудо асоцијација и техничка организација на Турската џудо федерација.

Настоска демонстрираше одлично џудо и упсесите кои ги нижеше во континуитет ги круниса со Балканска бронза што е прв медал и за ЏФСМ оваа година од поголемите меѓународни настани оваа година.

Тренерот истовремено и селектор на кадетската селекција Дејан Мицкоски како и тренерот во клубот и тренер на кадетската селекција се задоволни со постигнатиот успех, потенцирајќи дека оваа е само почеток со оглед дека Теа е прва година кадетка и пред неа пред неа претстојат уште многу натпревари, кампови и подготовки. Покрај Теа од ЏК Сеишин настапија и Теона Настоска -44 кг. ( 5 то место) и Никола Магдески -66 кг. ( 9 то место) кои прикажаа одлични борби и беа на чекор до борби за медал но не успеаја да се пласираат на пиедесталот“, информираат од ЏК Сеишин Прилеп.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи