ВИДЕО – Годинава просечно добра за пчеларите, но поради трошоците медот мора да поскапи


Годинава е просечно добра за пчеларите, потрлање има во планинските предели, каде лани беше добро, а годинава пак поголеми се приносите во полскиот дел кои се над просекот. Но сепак со згопемувањето на трошоците за репроматеријали, дрвната маса за сандаците, горивото, шеќерот, опремата и средствата за работа неминовно е поскапување на медот. Во прилепско една тегла мед се продава од 500 до 600 денари, но пчеларите велат дека мора да ја покачат цената, минимум за 100 денари по тегла.

„Принудени ќе бидеме да ја зголемиме, дел од колегите ја зголемуваат, но сепак се ориентираме спрема платежната моќ на граѓаните, така што ќе гледаме цената да биде и рентабилно за нас и поволно за граѓаните“, кажа Љупче Ѓорѓиоски, претседател на здружение „Братство“ – Прилеп.

Пчеларите се жалат и на нелојална конкуренција од увоз. Се увезувал производ кој не бил мед, а се продавал за мед.

„Дел се увезува како пекарски мед, кој што не е мед. Дел се увезува од Молдавија по пониска цена на кој што мед понатаму му се додаваат потоа разни додатоци. Тука треба да реагираат ветеринарните инспектори и ако се продава како пекарски мед да се декларира дека не е мед. Сега се што се продава како мед“, рече Љупче Ѓорѓиоски, претседател на здружение „Братство“ – Прилеп.

За справување со климатските промени кои ги намалуваат приносите потребно било пчеларите постојано да се едуцираат како да постапуваат и да засадуваат медоносни растенија, доколку сакаат развој.

„Пример фацелија, маслена репка, тука е успехот. Ако сакаш да произведеш мед, мора да вложуваш, да се трудиш, да спроведуваш разнии техники, инаку тешки години за пчеларството. Некои велат сеедно ќе даде природата. Но природата не дава ако не спроведиш техники, посевање на култури, тешко ќе биде пчеларењето“, додаде Марјан Петроски, пчелар од Прилеп.

Инаку во Македоија во моментов има околу 315.000 пчелни семејства, кои за 10 години се зголемени двојно, просечен принос е од 6 до 10 кг. по пчелно семејство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи