ВИДЕО – Во опасност се да пропаднат околу 100.000 евра од МОН за прилепската гимназија поради неиздавање градежна дозвола


Дали ќе пропаднат околу 100.000 евра од Министерството за образование кои се наменети за прилепската Гимназија за нова канализациона мрежа и партерно уредување, поради тоа што Општина Прилеп од нејасни причини не му дава градежна дозвола на училиштето веќе подолг период. Доколку не се реализира проектот парите се повлекуваат на 25 декември.

„Е навистина тажно и жално да не ги искористиме тие средства кога се одобррени и префрлени. Поради кои причини сето тоа оди незнам и не сум стручен ниту да кажам. Но знам дека е навистина страшно е во денешно време, во ваква криза да не бидат искористени тие средства“, истакна Рубин Матески, директор  на прилепската гимназија „Мирче Ацев“.

Ова е само еден од многуте примери во Прилеп со кој веќе со години се соочуваат и обичните граѓани и другите правни лица, кои од нејасни причини не можат да добијата градежни дозволи. Според градежните компании за 5 години во Прилеп биле издадени само 7 до 8 градежни дозволи. Никој не сака да објасни што се случува со урбанизмот во Прилеп, а губат сите. Во последниот период работите се поместиле од некоја мртва точка, но тоа било далеку од нормално функционирање.

„Во период од 4 или 5 години се издадени 7 одобренија за градење. А нешто поозбилно освен згрдата кај поранешната фабрика „Солидност“ друго нема. Ако се нормализира состојбата ќе има поинтензивна градба и нормално тоа е бенефит и за буџетот на општината и тоа што претставува развој на овој сектор“, додаде Гордан Бошкоски, градежна компанија од Прилеп.

Од Општина Прилеп само кусо искоментираа дека во изминатиов период се случувале одредени кадровски преструктуирања во надлежниот сектор за урбанизам, градежни дозволи се издавале, но сега се новите преструктуирања ќе имало поголеми и повидливи резултати, во интерес на граѓаните. Ветуваат и дека немало да пропаднат парите од МОН наменети за прилепската гимназија и дека проектот наскоро ќе се реализира.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи