ВИДЕО – „ПРИЛЕП ТРЧА“ – ноќна трка на 5 км. низ прилепските улици


Во рамки на „Европската недела на мобилност“ вечерва во Прилеп се одржа ноќната трка на 5 км. – ПРИЛЕП ТРЧА, на која учествуваа 70-тина љубители на трчањето. Оваа трка е продолжување на концептот „Прилеп трча“, кој го започнаа членовите на ОК „Златоврв“ во 2019 година и кога еднаш неделно низ прилепските улици се организираше трчање а 5 км. за сите кои сакаа да се приклучат на истото.

„Тоа и сакавме да го постигнеме денеска „Прилеп трча“ да продолжии како концепт секоја недела, како рекреативен настан каде што секој граѓанин ќе има можност да се приклучи на нашата група и секоја недела да трчаме во група, различна патека од 5 км. Тоа беше концептот во минатите години но поради короната и забраната за групирање ме бевме во можност да го организираме „Прилеп трча“, рече Мери Чкрипеска, дел од организиаицата на трката.

Кирил Велкоски со 70 години е најстариот тркач во Прилеп кој трча и планински трки, но и трки во град.

„Досега имам неколку истрчано една на Галичица, Чупино Вертикал, односно 3 планински и 4 трки низ град, Струга, Охрид, Струмица, Скопје, па сега ќе видиме, финансиски не можеме секаде да стигнеме инаку јас секаде би трчал“, додаде Кирил Велкоски, учесник на „ПРИЛЕП ТРЧА“.

Трчањето станува многу популарен спорт кај младите.

„Прв пат трчам, имам 12 години, интересно е“, рече еден од учесниците.

 „И јас прв пат трчам на оваа трка, ме привлекува атмосферата“, кажа друг од учесниците.

 „Јас имам повеќе пати трчано, на 5 км. а оваа дестинација ја трчам за околу 30 минути“, додаде трета учесничка на настанот.

 „Имам и јас трчано на повеќе трки, доста е интересно, рече друга натпреварувачка.

Трката ја отвори градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.

„Мислам дека успешно ќе ја стартуваме оваа трка и со тоа докажуваме дека и Прилеп се вклучува во мобилноста, односно за момент да ги заборавиме автомобилите и дали со точаци, тротинети или едно трчање ќе означиме почеток на една нова визија на движење низ урбаната средина“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Победник беше Виктор Вељаноски кој е член на ОК „Златоврв“ од 2015 година, кој вели дека младите се повеќе го засакуваат трчањето како спорт.

„Прекрасно е чувството кога ќе се победи во својот град. Денес младите се повеќе се занимаваат со трчање. Тоа што организираме повеќе трки тука, тие доаѓаат и им станува убаво и интересно и се занимаваат со овој спорт. Треба да има вакви повеќе трки и во нашиот град и во другите градови. Годишно учествувам на повеќе трки, најдолга трка која сум ја трчал е полумаратон на 21 км.“, изјави Виктор Вељаноски, победник на „ПРИЛЕП ТРЧА“

Ред на трката воспоставуваше сообраќајната училишна единица од СОУ „РИсте Ристески Ричко“ кои беа дел од оние кои ја обезбедуваа трката да помине во најдобар ред.

„Се понудија да бидат поддршка и да бидат дел од организацијата за промена на режимот на сообраќај за да може успешно да се изврши ова трка и да може безбедно да се изврши сообраќајот во централното градско подрачје. Исто така учениците од сообраќајната струка несебично даваат поддршка и во воспоставување на превенција доколку има потреба“, кажа Виолета Секулоска, предметен професор по сообраќајна струка.

Се планира ова трка да прерасне во традиционална.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи