ВИДЕО – Ристеска: Апсурди – 3 години затвор за човек кој украде 150 ќебапи, а 4,5 години за 200 килограми марихуана


Во текот на вчерашниот ден, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, излезе со соопштение, кое можеше да се прочита и низ порталите, дека во Основниот кривичен суд Скопје, била објавена осудителна пресуда за командир на ПС. Па така на обвинетиот за кој обвинителството докажало дека го сторил делото за кое се товари, судот му изрекол казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци. Јавноста многу добро знае за кој командир станува збор?!, истакна на денешната прес конференција Билјана Ристеска, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

21.09.2022

Почитувани,
Во текот на вчерашниот ден, Основното јавно обвинителство за гонење на
организиран криминал и корупција, излезе со соопштение, кое можеше да се
прочита и низ порталите, дека во Основниот кривичен суд Скопје, била објавена
осудителна пресуда за командир на ПС.
Па така на обвинетиот за кој обвинителството докажало дека го сторил делото за
кое се товари, судот му изрекол казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци.
Јавноста многу добро знае за кој командир станува збор?!
Каков апсурд! Ако се има предвид дека ова е само првостепена пресуда и не се
исклучува можноста казната да биде намалена од страна на апелациониот суд,
тогаш и повеќе од јасно е зошто граѓаните имаат мизерни 8% доверба во
правосудството. Јавноста многу добро знае и во каков притвор обвинетиот го
помина поголемиот дел од времето кое ќе се засмета во казната?!
Ова е уште еден доказ дека правосудните органи се заробени и под контрола на
централната власт, па наместо да се занимаваат со сериозниот криминал кој треба
максимално да се санкционира, се занимаваат со нарачани постапки и обвиненија
за неистомисленици. Впрочем и вмешувањето на американската ДЕА, само ја
потврдува неспособноста на органите да се справат со корупцијата и криминалот
во кој тоне државата и Прилеп.
Замислете 3 години затвор за човек кој украде 150 ќебапи, а 4 и пол години затвор
за дело поврзано со речиси 200 килограми марихуана?
Ги повикуваме од СДСМ Прилеп, како „борци“ за правна држава и владеење на
правото загрижени за криминалот, да излезат со свој прес и да ја прокоментираат
изречената казна? Го повикуваме и Миле Талески, актуелниот пратеник во
Собранието кој жолчно се бореше да го брани Францускиот предлог и бугарските
барања од говорница, да излезе во јавност и да признае одговорност, затоа што
токму во негово време додека беше претседател на Совет на Општина Прилеп,
беше извршен изборот на командир.
Почитувани, СДСМ се најмалку повикани да коментираат криминал. Токму
нивната партија е синоним за извор на криминал, ако се има предвид дека токму и
со вака заробено правосудство, нивни членови и лица од власта или се повлекоа од
функција, или завршија под истрага и во судски процеси за криминал поврзан со
милионски суми.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Среда, 21 септември 2022

„Каков апсурд! Ако се има предвид дека ова е само првостепена пресуда и не се исклучува можноста казната да биде намалена од страна на Апелациониот суд, тогаш и повеќе од јасно е зошто граѓаните имаат мизерни 8% доверба во правосудството. Јавноста многу добро знае и во каков притвор обвинетиот го помина поголемиот дел од времето кое ќе се засмета во казната?!

Ова е уште еден доказ дека правосудните органи се заробени и под контрола на централната власт, па наместо да се занимаваат со сериозниот криминал кој треба максимално да се санкционира, се занимаваат со нарачани постапки и обвиненија за неистомисленици. Впрочем и вмешувањето на американската ДЕА, само ја потврдува неспособноста на органите да се справат со корупцијата и криминалот во кој тоне државата и Прилеп.

Замислете 3 години затвор за човек кој украде 150 ќебапи, а 4 и пол години затвор за дело поврзано со речиси 200 килограми марихуана?

Ги повикуваме од СДСМ Прилеп, како „борци“ за правна држава и владеење на правото загрижени за криминалот, да излезат со свој прес и да ја прокоментираат изречената казна?

Го повикуваме и Миле Талески, актуелниот пратеник во Собранието кој жолчно се бореше да го брани Францускиот предлог и бугарските барања од говорница, да излезе во јавност и да признае одговорност, затоа што токму во негово време додека беше претседател на Совет на Општина Прилеп, беше извршен изборот на командир.

СДСМ се најмалку повикани да коментираат криминал. Токму нивната партија е синоним за извор на криминал, ако се има предвид дека токму и со вака заробено правосудство, нивни членови и лица од власта или се повлекоа од функција, или завршија под истрага и во судски процеси за криминал поврзан со милионски суми“, рече Ристеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи