Во Прилеп концерт на Лазар Соколов (кларинет, саксофон), во пијано придружба на Емилија Кабранова Филипова

На 23 септември 2022 /петок/ од 19 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи м-р Лазар Соколов (кларинет, саксофон), во пијано придружба на Емилија Кабранова Филипова (пијано). Со концертот  Соколов ќе се одбележи 10 години концертна и педагошка дејност.

Податоци:

М-р ЛАЗАР СОКОЛОВ е роден 1987 година во Кавадарци, каде го завршува основното музичко образование како “Првенец на генерација 2002”. Средното музичко го продолжува во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј’’ Скопје, во класата по кларинет на проф. М-р Петар Колевски. Дипломира на ФМУ – Скопје кај проф. м-р Стојан Димов. Во 2012 се стекнува со звање
магистер по кларинет, кај истиот професор.  2021 година, започнува со додипломски студии за саксофон, кај проф. М-р Нинослав Димов. Редовно посетува семинари кај познати педагози и изведувачи низ Европа: Никола Балдеру, Силви Хју-Париз, Карел Дохнал-Прага, Игор Франтишак-Острава, Петко Радев-Софија, Хорхе Монтија-Венецуела, Славко Ковачиќ-Словенија, Огњен Поповиќ-Србија, а бележи и големи успеси на државни и меѓународни натпревари за соло и камерна музика. Лазар, денес работи како професор по кларинет во ООМБУ “Лазо Мицев-Рале’’Кавадарци, каде стекнува награди за високи педагошки достигнувања.

Учествува во жири-комисии на државните и меѓународни натпревари во Македонија. Од 2010, во дуо-состав со пијанистката Ана Арангелова, активно учествува во концертниот живот на Македонија и надвор од неа. Своето камерно и оркестарско искуство го бележи по настапите како солист со симфониски оркестри, соработка со камерниот ансамбл „Полифонија“ од Берлин, градските оркестри на Скопје и Кавадарци, оркестарот на МММ (Музичка Младина на Македонија), на реномирани фестивали “Охридско лето“, “Скопско лето“,“Денови на македонска музика“, “Кавадаречка културна есен“, “Кавадарци- град на културата“, “Заједно“ Макарска, Р. Хрватска, “Битолско лето“, настап со „Леб и сол“ на “Зајечарска Гитаријада“ Зајечар, Р. Србија, турнеа во Македонија со Леб и Сол. Од 2015 год. е член на клавирско трио (флејта – Силвана Ч. Атанасова, кларинет и саксофон – Лазар Соколов и пијано – Емилија Кабранова Филипова).

Од големо значење се концертите на јадранската турнеа: Макарска-Омиш-Градац, Денови на класиката во Балчик Бугарија, Фестивал на класична музика Врњци, Србија, Меѓународен фестивал „Сараевска зима“ БиХ, Фестивал за камерна музика Драч, Албанија, Интерфест Битола, Скопско лето, Златна лира, Прилепско лето СаксКлар фестивал. А 2020 година, Ад либитум Трио го издаде и нивниот прв компакт диск, снимен во М1 студио, продукција на МРТВ. Член е на СМУМ, преку кој остварува бројни концерти.

ЕМИЛИЈА КАБРАНОВА ФИЛИПОВА – родена е 1983 во Неготино. Започнува да свири пијано на 8 годишна возраст. Уште од мала возраст добитник е на награди од државни натпревари. Средното образование го продолжува во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј“ во класата на проф.КристинаАнгеловска, а дипломирана ФМУ Скопје во класата на проф.Стела Слејанска. Добитник е на прва награда на меѓународниот натпревар за пијанисти,,Интерфест,,-Битола,трета награда на меѓународен натпревар ,,Роверед,оро,, во Сан Бартоломео во Италија, прва награда на конкурс по полифонија на ФМУ итн. Посетила мастер курсеви кај проф.Ахилесдел Вињ-Белгија,Андреј Диев-Русија, како и летната музичка школа во Варна-Бугарија под водство на проф.Михаел Келер-Германија и учествува на ,,Варнеско лето,,. Настапила со свои рецитали како и камерно на манифестациите,,Прилепско лето“ , „Штипско лето“, Денови на македонска музика”. Од 2005 година работи како проф.по пијано и корепетитор во ДМУЦ,,Тодор Скаловски-Тетоец,,-Тетово и во ДМБУЦ,,-Скопје.

Настапува со ученици на натпревари низ Србија, воБелград, Пожаревац, Ниш, Аранѓеловац, Сремска Митровица, Ваљево, во Приштина, Бугарија-Софија,СтараЗагора. Пијано соработник е со хорот Менада со кој остварила настапи низ Македонија, воАлбанија-Драч,Скадар,Тирана. Од 2011 год. Работи во ООМУ,,ВладимирАрсовски-Неготино.Настапувала камерно во дуо со сопран, дуо со виолина и реализира концерти во Велес и во Попово-Р.Бугарија. Настапувала и во трио со виолина со пран со самостојни концерти во Неготино на манифестацијата ”Топол културен бран”, потоа во Виница, Велес. 2014 настапила со ова трио на манифестацијата ”Културно лето Карпош” во Скопје. Официјален корепетитор е на меѓународниот натпревар “Охридски бисери”.Соработува и со ООМУ,,ЛазоМицев-Рале,,-Кавадарци како пијано придружник. Од 2015 год.настапува во триото ,,Ад либитум,, со флејта и кларинет (саксофон) со кое настапиле низ Македонија во 2015 год. во Кавадарци на манифестацијата ,,Кавадаречка културнa есен” 2016, Штип, Велес, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Струмица, потоа двапати на фестивалот„ Врњци“2016 и 2018-Врњачка Бања-Р.Србија, “Скопско лето”2016, 2020, концерти низ Хрватска во Макарска, Градац и Омиш-„Омишко лето“ 2016.

Потоа настапи на “Прилепско лето2016 и 2017”,”Бит-фест”-Битола и во Балчик, Р.Бугарија на фестивалот” Balchik classic days”, 2018 во Софија во КИЦ на Р.Македонија, 2018 во Прилеп во склоп на манифестацијата “Нов културен бран”, “Саревска зима”-Сараево, Боровец-Бугарија, “Chamber fest Durres” Драч-Албанија, фестивалите “Polyhimnia”-Скопје, “Златна Лира”-Скопје, “Saxclar”-Битола, СМУМ-циклус”Промузика”-Неготино-Музеј,Сремска Митровица-Србија.Со ова трио има снимено ЦД во студиото на М1. Член е на квинтетот Pezzanov Piazzolla Project со кој настапува двапати во Струмица 2018 год, Велес, Неготино ,Skopje street music festival 2018. 2020 реализира серија концерти во Неготино, Струмица, Прилеп со проектот” Музика од вода” изведувајќи композиции за соло пијано инспирирани од вода. Свири во“Toot quartet” ија изведуваат композицијата за труба и џез пијано трио-“Тоот свита” од Клод Болинг, како и композиции за џез пијано трио. Настапиле во Скопје во Кисела Вода, Ѓорче Петров, КИЦ, Неотино, Струмица, Кавадарци, Битола-“Битфест”. Солистички настапува во Кичево и Неготино со проектот “Jazz between notes”.Член е на СМУМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи