ВИДЕО – Експерти од Грција ќе го решаваат проблемот со влагата во црквата на Трескавец


Меѓународни експерти од Грција во ноември ќе доѓаат во Прилеп и ќе се обидат да го решат еден од најголемите проблеми кој ја уништува црквата во манастирот Трескавец, а тоа е влагата. Со години ова е алармантен проблем, но за жал од нејасни причини се остави овој велелепен храм, кој потекнува од 13 век да се распаѓа пред нашите очи. Низ годините паѓаа цели парчиња од ѕидовите и непроценливиот фрескоживопис. Новиот директор на Завод и Музеј Прилеп, Горан Цветкоски, најавува нова енергија и забрзување на процесот за конечно започнување на конзервација и реконструкција како на црквата, така и на старата трпезарија, која и таа потекнува од 13 век.

Стручните лица ќе се фокусираат претежно на состојбата со влагата во црквата и трпезаријата која ни претставува основен проблем за да не може да извршиме нормална реконструкција и конзервација и реставрација, било на живописот, било на ѕидовоте на црквата. Еве и сега ние го бараме сите основни проекти кои можеме да ги изведиме, во смисла да ги отстраниме сите непријатни моменти на кои може да наидеме при реконструкцијата и реставрацијата“, истакна Горан Цветкоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 Дел од фреските се неповратно изгубени, а постои опасност и од уривање на делови од ѕидовите на црквата, a за да не влегува вода внатре црквата е заштитена со дрвено скеле со пластики. Новите конаци пак вредни над 2 милиони евра, не можат да се пуштат во употреба бидејќи нема вода. Парите од ТАВ Македонија за нов водовод се обезбедени повеќе од 1 година, но нејасно е зошто Општина Прилеп не започнува со негова изградба.

Ние 18 години континуирано имаме некои проекти кои се одвиваат во манастирот, претежно станува збор за превентивна заштита, истражувачки работи, така што имаме 18 години континуирана поддршка од Миниистерството за култура, но секако дека не сме задоволни со динамиката со копја се одвиваат работите. Затоа што се тоа што е досега инвестирано и направено ќе биде бесмислено доколку не се започне со реконструкција на црквата“, изјави Отец Калист, монахот кој живее на Трескавец.

Дали конечно во 2023 година работите околу манастирот Трескавец ќе се придвижат од мртва точка и далии Трескавец ќе го добие заслужениот однос од државата и од општината ќе покаже времето.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи