ВИДЕО – Започна распределбата на зелената нафта – колку ќе се зголемат површините со пченица, над 40% од земјоделците не ја предаваат


Денеска од Прилеп започна распределбата на картичките за зелена нафта за земјоделците. На ниво на држава ќе бидат распределени околу 50.000 вакви картички, за кои се одделени над 250 милиони денари. Од понеделник овие картички ќе може да се подигнуваат од подрачните канцеларии на МЗШВ.

Мислам дека оваа година која што ја имаме неколку години претставува одличен механизам за покривање на влезните импути во земјоделството, овој пат во горивото како нешто многу важно за земјоделците. Веќе во наредниот период ќе биде отворено и аплцирањето за вештачко ѓубриво, набавено вештачко ѓубриво за есенската сеидба“, истакна Никица Бачовски, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Од Министерството за земјдоделство очекуваат дека оваа есен во Пелагонија ќе имало засадено за 30% повеќе површини со житни култури од лани. Показател за тоа била големата заинтересираност на земјоделците за земање на државна земја под концесија. Во Прилеп се доделиле 2.600 хектари.

„Веќе започнуваме со воведување во владение, комисиите се на терен ии го даваат земјиштето во владение за да можат земјоделците навреме да ги засеат културите“, рече Зоран Пачешкоски, раководител на МЗШВ Прилеп.

Земјоделците пак не се толку оптимисти. Велат дека ќе има зголемување на површините ако имало добра цена. Не се задоволни од годинешната цена на пченицата која се движи од 18 до 19 денари. Токму затоа над 40% од земјоделците не го предавале житото и си го чуваат дома чекајќи подобра цена. Бараат минимум 25 денари за килограм.

„Пченицата ми е дома, чекаме цена. Мислам дека е мала цената спрема трошоците за ѓубриво, за прскање, за семе, ако е оваа цена, многу малку останува за нас“, додаде Звонко Ристески, земјоделец од прилепско Мало Коњари.

Земјоделците не се задоволни ниту со цената на сончогледот која моментално е 33 денари, а им било ветувано над 40 денари. Доколку останело вака немало в година да има толку површини под сончоглчед како оваа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи