Изложбата „Кодирана уметност со фрагменти“ во понеделник во Цепенков


На 3 октомври 2022,понеделник од 19.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „КОДИРАНА УМЕТНОСТ СО ФРАГМЕНТИ“ –  заеднички проект на Маја Ралева-Миладиновски и Драгица Ристеска, поддржан од Министерството за култура (3.10 до 13.10 2022).

Податоци за проектот

Кодирана уметност со фрагменти е заеднички осмислен проект на кој изминатиов период работеа академските уметници М-р Маја Ралева – Миладиновски и М-р Драгица Ристеска. Се состои од слики и  уметничка инсталација.

Иако на прв впечаток не се отвора простор за споредба и изнаоѓање некоја сличност меѓу двете поставки сплотени во една, сепак уметничките аспирации се насочени кон иста тематика, но изразена со различни средства и медиуми. Изложбата е комбинација од слики и инсталација со различни визуелни решенија.  Темата на која работат сугерира и укажува на нешто пред и потоа, на ситуации и фрагменти пред одредено време и на ситуации потоа. Кога ќе се погледне во целосна перспектива од поодминато време имаме впечаток какоцелиот свет е соочен со ненаметливо обележје кое е веќе составен дел од нашето секојдневие.

„Избегнувајќи ја монотонијата од пандемиските години и прилагодувајќи се на новите правилана живеење споивме два блиски концепти и медиуми кои се некое наше видување на начинот на живеење кој несвесно ни се наметна, инспириран и тесно поврзан со кодирањето. Изминатиот период е токму тоа обележје на баркодирање, аплицирање на статистички и бирократски мерки и начин да се ограничи и делува на новото движење на целиот човечки род. Сето ова остава траги и фрагменти во низа која продолжува до недоглед што ќе речеме приказната не завршува овде и сега. Се ова ни сугерира несвесно на нераскинливата зависност од баркодирањето. ”

Водејќи се од мислата дека уметноста како симбол на чистина, подобрата страна од човечкото битие и неговата природа, авторките се обидуваат да го реферираат надворешниот свет сосема индиректно преку филтерот на емоциите.  Живееме во свет кој ја изгуби димензијата на убавината. Да се пронајдеш во таков свет и не е така едноставно. Да го најдеш својот начин на изразување, творење, гледање, битисување…

Авторките преку комплексноста на материјалите и текстурите создаваат композиции каде со помош на бојата и светлината се создава една поинаква диманзија на просторот околу нас. Кодирана уметност со фрагменти е комплексно уметничко дело кое дава можност за визуелна самовизија и поттикнување на меморијата што дозволува сами да ја направите својата приказна и го зема моментот што неволно се наметнува на нашите животи. Оттука и размислувањето за создавање на КОДИРАНА УМЕТНОСТ кое се обработува во новата ера на модернизација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи