Ново теренско возило за гасење на пожари на отворен простор за ТППЕ Прилеп

Дирекцијата за заштита и спасување на денешниот настан под слоганот „Цивилна заштита помеѓу институциите и граѓаните“ донираше нови теренски возила опремени за гасење на пожари на отворен простор, а еден од градовите беше и Прилеп.

Со оваа донација се подобруваат техничките услови на ТППЕ Прилеп за подобра противпожарна заштита во регионот.

Покрај Прилеп, возила со водна пумпа добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар.

„Со оваа набавка од 42,5 милиони денари преку Дирекцијата за заштита и спасување овозможуваме сериозно подобрување на техничката опременост за следни интервенции и навремено подигање на нивото на подготвеност на противпожарните служби пред следниот критичен период. Противпожарните служби заслужуваат најдобра опрема, најдобри услови за работа, бидејќи секогаш во критични и опасни ситуации тие се меѓу првите кои излегуваат на терен и граѓаните секогаш сметаат на нив. Благодарни сме им на пожарникарите, на овие великодушни луѓе, храбри и со големо срце. Вие сте нашите херои!“, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Од Општина Прилеп велат дека и во иднина со сигурност ќе продолжат на сите начини да ги подобруваат условите за работа, но и техничката подготвеност во ТППЕ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи