Даниела Перканоска од Авто Контрол дел од најуспешните жени менаџерки на Марили бизнис клубот


Марили бизнис клубот е побогат за нови 20 членки. Тоа се најуспешните жени менаџерки што агенција „Марили“ ги избра за 2022 година, а дел од нив доаѓаат од регионот и тоа од Србија, Црна Гора и Хрватска, со оглед дека манифестацијата годинава доби и регионален карактер. Целта беше да се овозможи взаемна поддршка и соработка особено во услови на продолжена криза, водејќи се притоа од мотото „Заедно сме посилни“.

Во таа насока Клубот го збогати своето членство со нови искуства на успешни жени од бизнисот излегувајќи и од границите на нашата земја, што беше и една од целите на овој Клуб при неговото формирање. Средбите на членките на Клубот продолжија и во септември во рамки на регионалната конференција за женско претприемништво и женски активизам „Го сакам Балкан“ која се одржа во Приштина, Косово.

МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ (МБК) е формиран на 7 декември 2016 година и во него членуваат жени менаџери што биле дел од изборите за најуспешни жени менаџери кои ги спроведуваше агенција „Марили“ во изминатите 26 години, а има и почесни членки. Клубот има свои симболи, заштитно лого, значка и клуб-картичка за секоја членка.

Членките на Клубот се постојано присутни во сите проекти на агенција „Марили“: Бизнис каталог на Р.С.Македонија, бизнис портал www.marili.com.mk , хуманитарни акции, тематски ден „Дама Да – Здравјето и убавината во функција на современата жена“ и Марили Бизнис Форум.

Во изминатиот период во рамки на МБК, каде се разменуваат идеи и искуства, се одржуваат бројни едукации, предавања и дебати за актуелни економски теми, како и обуки за личен развој гостуваа Милан Јазбец, поранешен амбасадор на Република Словенија во Македонија, Малинка Ристевска Јорданова, член на УО на Институт за европска политика (ЕПИ) и Марина Анчевска НЛБ тренер за личен развој.

Една од целите на делувањето на МБК е и одржување хуманитарни акции од општествено значење и во таа насока досега се одржаа три хуманитарни акции и тоа: акција насловена „Жените за жените“ при што средствата од донацијата беа наменети за купување и донирање апарат за рана детекција на рак на дојка на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, потоа хуманитарна аукција на слики од каде собраните средства беа наменети за купување опрема за ЈЗУ Здравствен дом Прилеп, а во 2019 година беше одржана хуманитарната акција „Дама Да донира“, а собраните средства беа наменети за опремување на Специјалниот завод за лица со посебни потреби во Демир Капија.

МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ во периодот на Ковид-19 беше место за взаемно помагање на своите членки за полесно да го пребродат тешкиот пандемиски период со можности за размена на активности и услуги во рамки на нивните дејности, во што агенција „Марили“ несебично учествуваше и споделуваше информации на сите членки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи