Кај с. Новоселани загина 14 годишно момче од с. Заполжани во сообраќајна несреќа


Денеска (08.10.2022) околу 13.40 часот во с. Новоселани, Општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, управувано од В.Р. (18) од с. Заполжани, кој го напуштил местото, но набрзо бил пронајден и приведен и мотоцикл „шинерај“, управуван 14-годишник од истото село, и двете со прилепски регистарски ознаки, информираат осдд МВР.

„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп“, додаваат од МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи