ВИДЕО – Мицкоски: Вишоците на АД ЕЛЕМ да се отстапат за производната цена на стопанството


ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија се издигна над ситуацијата и можеби за прв пат во Македонија покажа државнички карактер некоја политичка партија и од позиција на опозиција решава проблеми, без да ги владее институциите, без да ги управува и менаџира институциите понудивме решенија и полирики кои ќе ги амортизираат ефектите на оваа енергетска криза која постепено веќе прераснува во финансиска и економска криза, истакна денеска во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„И тоа јас лично го направив, ќе ве потсетам 2016 година овде во Прилеп, памети Прилеп како тогашната опозиција на СДСМ во услови на голема светска криза, и тогаш беше голема светска криза со обоената револуција уништуваа државен имот, ја уништуваа општината. Во Скопје исто беше така, насекаде палеа канцеларии на претседател, насилно и насилнички се однесуваа итн, што ли уште не правеа да дојдат до тоа што се денеска. А тоа е можноста да ја уништуваат Македонија, ние ништо не видовме од овие луѓе освен уништување, срам, предавство, пљачка и терор, ништо не видовме овие 5 години. Затоа кога зборуваат за конструктивност треба да прават разлика помеѓу конструктивност и државотворност. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и овој пат ги остави на страна партиските интереси, наместо да седи на страна ние влеговме во костец да ги решаваме проблемите и понудивме решенија, меѓу другото и оние решенија кои што вчера ги предложив на прес конференцијата. Затоа предложив да вишоците кои ги произведува поранешно АД ЕЛЕМ, денешно АД ЕСМ наместо на сомнителен начин да завршуваат во приватни компании и понатаму некаде на Балканот, да ги отстапи за производната цена на стопанството за да може стопанството тие вишоци да ги користи и наместо да плаќа цена на струјата од 300-400 евра за мегават сат, да му плати на ЕСМ онолку колку што навистина го чини, а според нашите пресметки тоа е некаде помеѓу 80 и 90 евра за мегават сат. И не само ноќните вишоци, туку и оние вишоци кои се случуваат за време на викендот, посебно во недела. Но за тоа да се случи е потребно компаниите да работат во недела, а за да работат компаниите во недела треба да се интервенира во Законот за работни односи и Законот за трговија, па да им се дозволи на компаниите за работниците да изберат тие самите кој ден ќе биде неработен, а недела да можат да го работат. Дали тоа ќе биде вторник, четврток, петок итн, тоа самите да го одлучат, а недела да биде работен ден и да ги ползуваат овие ноќни вишоци за да може да ги зачуваат работните места, да не испуштаат работници, да не се думаат потоа работниците и да бидат во неизвесност како ќе ги прехранат семејствата во овие услови на тешка економска, финансиска и енергетска криза“, рече Мицкоски.

Втората мерка се однесувала на за оние компании кои и понатаму ќе имаат потреба и покрај овие вишоци да набавуваат струја, онаа разлика од регулираната до набавената половина да ја плати Владата.

„Според нашите калкулации оваа пресметка би изнесувала не повеќе од 50 милиони евра. Тоа се пари кои редовно овие 5 години во првото тромесечие, во еден квартал официјалните лица на оваа Влада ги крадат. И затоа кога зборуваат за штедење треба да се свртат самите кон себе и да престанат да крадат. Ако престанат да крадат тогаш ќе има пари за оваа мерка, тоа значи наместо 150 милиони евра да ги крадат преку ископ во Битола, преку наместени тендери за мазут, за јаглен итн., и со инстант компании да престанат да крадат и тие пари ќе завршат во стопанството и ќе спасиме многу работни места. Тоа е суштината, тоа е предлогот на ВМРО ДПМНЕ. Бидејќи вчера можев да го слушнам и Ковачевски како прави весела математика, ако 100 локални функционери заштеделе по 1.000 евра, ете ги 100.000 евра, јас ќе му дадам еден мудар совет, само треба да се заврти кон себе и кон финкционерите на власта, тоа е од прилика колку пола дневница што ја крадат фунцкионерите на власта, ете толку“, додаде Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи