Балетска претстава ЛАЛАЛА – гостување на Националната опера и балет во Цепенков

Националната опера и балет ќе гостува во НУЦК „Марко Цепенков“ со балетската претстава ЛАЛАЛА.

Музиката предизвикува толку многу чувства во нас, спомени, копнежи, мечти… Носталгија; работи поврзани со нашето минато. Сентиментален копнеж за среќа, за едно време во кое живеевме и луѓето со кои сме ги делеле тие спомени. Никој не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање како една добра стара музичка лента.

Само таа музика може да ги врати спомените,да ги склопи како сложувалка и испише една нова страна во книгата на нашиот живот. Секоја миксана лента не води на едно носталгично патување, раскажува една приказна од различно време.

Се е во нас, а не таму каде живееме. Не постојат граници, ние самите си ги поставуваме, но ако сме доволно отворени, оптимистични и ако веруваме во нас,тогаш целиот свет ни е на дланка. Прегрнете ги спомените и чувајте ги блиску до срцето. До вчера бевме она што денес сакаме да го заборавиме. Се што ни е потребно е само да живееме, а музиката е таа која не води на незаборавни патувања.

ЛАЛАЛА

Настапуваат:

Женски ансамбл: Саша Евтимова, Ангела Велевска, Христина Наќевска, Симона Колиштркоска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска Хорсеау, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Мартина Димовска.

Машки ансамбл: Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Никола Хорсеау, Веселин Трајковски

Кореограф: Саша Евтимова

Музика: Македонски шлагери

Идеја за костими: Саша Евтимова

Светло мајстор: Милчо Александров

Балетската претстава ќе се одигра во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“, во среда, 19.10.2022 во 20.00 часот. Влезници по цена од 100 денари може да набавите на билетарницата од Центарот во вторник и среда од 10 до 12 часот и од 18 до 20.00 часот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи