ВИДЕО – Школа за интеррелигиски комуникации на СТАНИЦА П.Е.Т. за намалување на нетолеранцијата помеѓу религиозните заедници


Во Македонија расте трендот на нетолеранција помеѓу разните религиозни заедници, но и внатре во нив. Главен фактор за тоа се секако дезинформациите и лажните вести, кои масовно се пренесуваат преку социјалните мрежи. Токму поради тоа СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп го имплементираше проект „Организирање на заедницата за зголемување на меѓурелигиската комуникација и толеранција“, како и 6 недела школа за интеррелигиски комуникации каде припадниците од религиозните групи и граѓанските активисти од Општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани се запознаваа помеѓу себе и на слободен начин ги изразуваа своите уверувања.

Во рамки на оваа школа ги покривме темите комуникации, интеррелигиски вредности и слободи, креативно изразување и работа во заедница. За крај на школата сите учесници имаа можност да подготват креативни уметнички творби секој според своите афинитети, со што ги изразија своите вредности и верувања. Она што ние го научивме како заклучок од оваа активност е дека религиските уверувања може да се различни, но сепак вредностите кои што ги делиме се заеднички и крајно сите имаме една заедничка цел да го подобриме животот во нашата заедница. Нашата препорака кон граѓанските организации и институциите од овие 3 општини е повеќе да ги вклучуваат претставниците од религиозните групи во своите активности, бидејќи нивниот потенцијал навистина може да придонесе кон подобрување на животот во локалните заедници, а дополнително кон претставниците на религиозните групи препорачуваме да бидат поотворени за меѓусебна соработка и за комуникација и со другите религиозни групи и со граѓанските организации и институциите секако за постигнување на општо добро“, истакна Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп.

Учесниците на оваа школа велат дека ваквите настани многу помагаат за поголемо запознавање на различните религиозни заедници кај нас и намалување на нетолеранцијата која во моментов е присутна.

 На другите верски личности кои што беа присутни можев да го преставам Исламот како вера на мир, на љубов и на спас. Така да овие работилници, овие обуки се надевам дека ќе продолжат во нашата општина и пошироко, со што ќе се надминат предрасудите и стереотипите кои што се имаат во однос на верите. Еве јас како муслиман, на пример муслиманите се убијци, муслиманите се луѓе кои се насилни, а тоа не го дава Исламот како вера, туку Исламот е вера на љубов, на мир и на спас“, вели Нури Дервишоски, секретар во Тризла Џамија при Религиозна група „Ехли Суннет Вел Џемат“ Прилеп.

 

Обуката ни беше од голем придонес нас како учесници, од причина што со неа се изградивме ментално и духовно, со цел да ги срушиме тие религиски бариери кои ги има во општеството. Покрај тоа се збогативме теоретски и практично со тоа што ги правевме декорациите со цел да се обединиме повторно. Морам да кажам дека понатаму се надевам дека ќе има уште интеррелигиски обуки бидејќи стварно ни се од голем придонес и да се умножиме што е можно повеќе луѓе со цел да рушиме уште повеќе такви бариери“, додаде Диана Божиноска, граѓански активист.

Како завршна активност на интеррелигиската школа било тоа што сите учесници приготвиле креативни уметнички творби со кои ги изразиле своите уверувања и вредности и овие дела наскоро ќе бидат презентирани на една заедничка изложба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи