Левица: 6 извршители наплатиле 25 милиони денари од Општина Прилеп за 7 години


Советниците од Левица во Совет на Општина Прилеп дојдоа до фрапантна информација дека вкупно 25,000,000.00 денари од општина Прилеп се исплатени кон шест извршители од 2016 година до денес, се вели во соопштението на Левица Прилеп.

„Ова е енормна сума на пари и логично е да се постави прашањето под кои услови и кој е одговорниот под чија надлежност успевале да се одлеваат средствата. Дали ова е смислен синџир на легално испумпување пари при што намерно се доцни со обврските за потоа извршители блиски на власта легално си наплаќаат?

Станува збор за шест лица кои наплатувале од 35,816 па се до рекордните 14,836,022 денари. Ова се нивните имиња заедно со вкупната сума:

Извршител Јане Кромидоски – 14,836,022 денари

Извршител Томислав Џумеркоски 3,177,261 денари

Извршител Менка Мицеска 35,816 денари

Извршител Јане Митрески 507,231 денари

Извршител Каролина Таневска 1,852,863 денари

Извршител Наташа Катова 90,218 денари

Левица ЛО Прилеп ќе ја истражува информацијата и ќе произлезе со повеќе информации за граѓаните“, велат во соопштението од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи