Уапсен прилепчанец поради кражба на возило

Денеска (19.10.2022) околу 01.00 часот во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода Е.Ќ.(27)од Прилеп.

Тој се сомничи дека на 18.10.2022 околу 17.35 часот на ул.„Гога Јанкулоски“ во Прилеп одзел патничко возило „ровер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.(33) од Прилеп. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи