Три понуди на тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10

Три понуди се доставени на тендерот за избор на надзор на изградбата на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д, а чија изведба треба да ја изврши американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Понудите, што беа отворени денеска во Јавното претпријатие за државни патишта, се од фирмата „INGEROP CONSEIL ET INGENIERIE“ која конкурира со 1.106.040.600 денари, друштвото „IRD ENGINEERING“ со понуда од 1.374.304.070 денари, како и „ХИЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“, со понуда од 1.533.721.722 денари.

По отворањето на понудите, следува постапка за нивна евалуација, и по разгледување на документацијата и комплетноста на понудите во рок од 40 дена ќе се изврши изборот на најдобриот понуден квалитет и понудена цена.

Првиот тендер за избор на надзорот за овој проект пропадна откако избраната компанија не ја достави банкарската гаранција.

За изградба на новите автопати Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, по што Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за проектот.

Градежните машини и работници на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе работат на четирите делници на Коридорите 8 и 10, а се очекува да стартуваат наредната година. Министерот Бочварски претходно изјави дека прва и најлесна делница од аспект на експропријација на земјиштетото е Гостивар-Кичево, а се очекува најдолго да трае постапката за делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, за која државата ќе мора да добие и мислење од УНЕСКО, бидејќи трасата поминува покрај Охридското езеро.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи