Ковачевски: Ја зголемуваме цената на тутунот, 300 денари за килограм од прва класа


Заедно со тутунските комбинати и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска постигнавме договор за повисоки, рекордни цени на тутунот, порача вечерва од Прилеп претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски,

„Заедно заклучивме овогодинешните цени на тутунот да бидат: Прва класа 300 денари; Втора класа 240 денари; Трета класа 180 денари; Четврта класа 100 денари, сето ова е за 20 отсто повеќе отколку минатата година. Исто како што ветив и остварив дека за 30 отсто ќе ги зголемиме цените на грозјето исто ќе направиме и со тутунот и тоа во најкризната година во Европа по Втората светска војна“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека оваа година Владата ги исплати сите заостанати субвенции кон земјоделците, а дел од нив не биле исплатени уште од 2015 година.

„Оваа Влада во оваа година ги исплати сите заостанати субвенции кон земјоделците. Две и пол милијади денари останаа неисплатени субвенции кон земјоделците уште од 2015 година. 2,5 милијарди чинат 36 споменици во Скопје, наместо да ги дадат на земјоделците, тие ги потрошиле на споменици. Ние, за оваа година издвоивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, затоа што сега е времето кога треба да се вратиме кон стратешките земјоделски култури“ посочи Ковачевски на трибината „Силно и одлучно“ во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи