ВИДЕО – Директорката од Битолa: Лага е дека во Софија беа наши ученици – Фондацијата „Бугарска меморија“ со спротивен став


Директорката на Средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Жанета Сервини, денеска демантираше дека ученици од ова училиште биле во Бугарија во Фондација „Бугарска меморија“, како што беше објавено на нивниот интернет сајт и каде битолските ученици беа претставени истомисленици на културниот центар „Ванчо Михајлов“ од Битола. Сервини рече дека во Софија биле само таа и заменик директорот Љупчо Здравковски за да воспоставеле соработка преку Еразмус + програма со училишта во Софија.

Но нема одговор дали оваа Бугарска Фондација е партнер на Еразмус +, што барале таму Сервини и Здравковски и кои се учениците со кои се фотографирале.

Го контактиравме и директорот на Националната агенција за европски образовани програми и мобилност Еразмус + Македонија, Марко Ѓорѓиевски, кој рече дека утре ќе провери дали досега училиштето „Ѓорѓи Наумов“ имало проекти поврзано со Еразмус и дали Фондацијата „Бугарска меморија“ е партнер на оваа програма.

Градоначалникот на Битола истакна дека контактирал со директорката Сервини и тој го повтори нејзиниот став дека ученици од ова училиште немало заминато во Бугарија, но подетално ќе го испитал целиот случај утре и ако било потребо ќе излезел со прес конференција.

Инаку Фондацијата „Бугарска меморија“ на бугарскиот тајкун Милан Врабески кој ги финансира здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид на својата страница објави фотографии и текст каде учениците од битолското средно Техничко училиште ги претставува како истомисленици на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола кои ја посетиле Софија.

Од СДСМ пак обвинија дека директори поставени од ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат македонски ученици за потребите на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“.

„Повикуваме на брза реакција на сите надлежни институции, МОН, надлежните инспекторати и бараме одговорност за оваа злоупотреба на македонските деца, ученици и студенти. Лицемерот и спинеротот Мицкоски, да излезе веднаш и да побара отчет од неговиот градоначалник Коњановски и одговорност, од него и од директорката поставена од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

Подетални информации за целиот овој случај кој ја разбранува македонската јавност се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи