ВИДЕО – Сервини: Учениците се употребуваат за дневно-политички цели, СОУ „Ѓорѓи Наумов“ соработка со Бугарија ја започна за време на СДСМ


По настанот кој ја вознемири македонската јавност кога Фондацијата „Бугарска меморија“ битолските средношколци ги претстави како истомисленици на клубот „Ванчо Михајлов“,  директорката на средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Жанета Сервини, денеска излезе со писмено како што вели дообјанусвање во кое ја осудува злоупотребата на младите за дневно-политички цели со ширење на лажни вести.

Уште еднаш потенцира дека во Бугарија била само таа и нејзиниот заменик Љупчо Здравковски и дека немало ученици. Таму биле за иницирање на можна соработка во рамките на Еразмус+ програмата, бидејќи како училиште до сега немале искуство со Еразмус+ проекти.

Според Сервини соработката со Бугарија училиштето „Ѓорѓи Наумов“ ја започнало уште во времето на СДСМ, кога градоначалник на Битола била Наташа Петровска. Тогаш бугарското МНР, преку бугарскиот конзул во Битола, на училиштето му донирало над 125.000 евра за реновирање на кровот.

Но сепак се уште нема одговор дали тие биле во фондацијата „Бугарска меморија“ на бугарскиот тајкун Милан Врабески, кој ги финансира здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, како оваа Фондација е поврзано со Еразмус + програмата и кои се учениците со кои тие беа фотографирани.

И од Општина Битола денеска преку соопштение истакнаа дека соработката на училиштата од Битола, со училишта од други земји, не ја одредува општина Битола, туку раководствата на училиштата, зависно од нивните планови и можности за сорaботка и реализација на заеднички проекти и програми. Согласно тоа, општина Битола, не издала и немала обврска да издаде патен налог за патување на раководството на СОУ Ѓорѓи Наумов во Бугарија. И од таму велат дека соработката на СОУ „Ѓорѓи Наумов“ со Бугарија започнало уште во времето на претходната локална самоуправа и таа соработка сега се сакала да се искористи како можност за соработка во рамките на Еразмус + програмата.

Инаку вчера Фондацијата после реакциите во јавноста од својата интернет страница избриша дел од фотографиите и имињата на Сервини и Здравковски и истакнаа дека Сервини и Здравковски биле во Бугарија на покана на приватно училиште „Цар Симеон Велики“ за планирање на заеднички проекти според Еразмус + програмата, дека тие не биле дел од бугарското здружение во Битола и дека чиста случајност било тоа што нивната посета се совпаднала со посетата на македонски ученици на покана на Милан Врабевски и Фондацијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи