ВИДЕО – Во Крушево се отвори првата канцеларија во Македонија за односи со дијаспората


Во Крушево денеска се потпиша Договор за соработка помеѓу Општината и Министерството за односи со дијаспората за отворање на канцеларија, прва од ваков вид во Македонија, чија цел ќе биде надминување на бирократските процедури и побрзо завршување со вадењето на сиите потребни документи на нашите иселеници.

„Да ги поедноставиме процедурите, каде во иднина и по електронски пат ќе ги добиваат одредени решенија, државјанства и изводи, поедноставно и побрзо и со тоа ја отвораме нашата врата во општината дополнително не само како претходно декларативно, туку на дело каде може поедноставно и побрзо да дојдат до тие административни процедури“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Со оваа канцеларија ќе може да се собираат подетални информации за нашата дијаспора, да се мапира истата, како и сите здруженија на нашите граѓани кои функционираат надвор од Македонија.

„Нашите иселеници во нашата дисаспора ќе им се нудат како прво информации за сите права и поволности кои ги имаат во матичната држава. Целта на оваа канцеларија ќе биде посредничка, каде на нашата дијаспора ќе им се нуди и помош, асистенција за забрзана постапка на сите релевантни предмети, можеби и спорни предмети поврзани со нивните права во татковината“, кажа Џемаил Чупи, министер задолжен за дијаспората.

Во првата фаза ќе се отворат 23 вакви канцеларии во 23 општини, а отворање на вакви канцеларии им било понудено на сите општини во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи