ВИДЕО – Во завршна фаза новата градинка во Прилеп во населбата Точила


Во завршна фаза е новата градинка во населбата Точила во Прилеп која се простира на површина од околу 5.000 м2, со капацитет да прими 252 дечиња. Според градоначалникот Борче Јовчески со докомплементирање на документацијата, но си внатрешното уредување кое било обврска на Министерството за труд и социјална политика, градинката би можела да биде пуштена во употреба на почетокот од наредната година. Градинката има 13 занимални, покривот е предвиден како зелена тераса со ниска природна вегетација, со што се овозможува изолација и заштеда на енергија, а на покривот исто така има сончеви колектори и фотоволтаична централа за производство на електрична енергија за потребите на градинката. Има и воздушна топлотна пумпа и централно подно греење со што ќе се намалат трошоците за греење и ладење.

„Нека ни е честит 3 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Прилеп. Денеска посебно сум горд што конечно во завршна фаза е детската градинка во населбата Точила, која се простира на површина од 5.030 квадратни метри, со капацитет за прием на 250 деца од предшколска возраст и која што фаза конечно ни ветува дека во најскоро време со докомплетирање на документацијата, конечно од јануари или февруари, се разбира тука до израз треба да дојде обврската на Министерството за труд и социјална политика кое треба да се погрижи за обезбедување на ентериерот во детската градинка. Со тоа докажуваме дека ние конечно сме спремни да ги реализираме сите проекти кои и се започнати. За жал морам да потврдам дека огромниот дел од дозавршувањето на градинката и наследувањето на целокупниот долг за исплата на истата остана на локалната самоуправа и можеме со гордост да се пофалиме дека со домаќинско менаџирање веќе исплативме 37 милиони денари. Благодарноста на акцијата која е преземена за досредување во оваа состојба каква што сега моментално ни дава дознаење дека ние со самите проекти за подобра иднина ги реализираме и остваруваме сето она што сме го ветиле предизборно и по назначувањето на локалната самоуправа на чело со мене во општина Прилеп“, истакна Јовчески.

Изградбата на градинката чини околу 144 милиони денари и е целосна инвестиција на Општина Прилеп. Таа беше започната да се гради за време на претходната локална самоуправа, но Јовчески вели дека наследиле ситуација каде на изведувачот на работиите не му бил исплатен ниту денар. Според договорот градинката треба да биде исплатена во наредните 3 години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи