ВИДЕО – Мицикоски: Криминалци шетаат, а недолжни луѓе ги затвораат и во Прилеп Спасовски ги знае криминалците, но не ги затвора


Дури вчера ако се сеќавате во текот на денот имаа прес конференција на која што триумфално најавија дека господата од МВР, Оливер Спасовски успеале да го уапсат тој кој дојавувал во училиштата пријави за лажни бомби, за да потоа засрамени од моите информации кои ги имам го ослободат момчето вечерта или утрото во 2 часот, затоа што нема никакви поврзаност и никаква врска со тоа што тие го кажаа претходно на прес конференцијата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Тоа е начинот на кој што функционира за жал МВР, криминалци шетаат, а недолжни луѓе ги затвораат и приведуваат. Криминалци шетаат и овде во Прилеп, точно се знае низ прилепчани кои се криминалците, нека ги посети Оливер Спасовски неговите пријатели овде во Прилеп кои имаат возен парк од неколку стотици илјади евра и нека ги праша од каде ги заработиле тие стотици илјади евра возен парк, нека ги прошета неговите пријатели овде во Прилеп кои ги посетува кога ќе дојде од каде им е стекнат тој капитал во изминативе 3-4 години и ќе ги најде криминалците, тие треба да ги апси, а не недолжни деца, затоа што Никола може да биде секој еден од нас, секој еден може да биде Никола. Голема поддршка до Никола и многу скоро ќе дојде крајот на овир политички измамници, потоа јас ви ветувам ќе следи одговорност“, кажа Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи