ВИДЕО – Мицкоски: Буџетот е наменет исклучиво за крадење, бидејќи ова им е последна година да бидат власт


Што се однесува до буџетот, тој е предимензиониран. Буџетот кој деновиве во јавноста се соопштува не соодвествува на реалната економска состојба на државата, предимензионирани се расходите и веќе во првата година Владата го крши она правило на буџетскиот дефицит кој претходно со Законот за буџет го усвои парламентот, односно е поголем од 3% како што е таму дефинирано, истакна денеска од Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Со тоа уште еднаш го покажуваат својот лажлив карактер. И она кое исто така сакам да кажам е дека користат иста реченица, односно исти 2 збора, а тоа се „златното правило“. Минатата година истиот овој Бесими кога го најавуваше буџетот за 2022 година ги користеше двата збора „златното правило“. Кога велиме двата збора „златното правило“, тогаш тој ги поврзуваше со капиталните инвестиции и најпрво најави рекордно ниво на капитални инвестиции, 38 милијарди денари, за со ребалансот да ги намали на 32 милијарди денари, а ако го видите пресекот на моменталната состојба на капиталните инвестиции ќе бидите дека таа бројка е околу 14 милиони денари.

Значи тоа е невозможно за 2 месеци 18 милиони денари да ги инвестира во капитални инвестиции. Истото сега го најавуваат за догодина, со истите зборови само сега тоа го прави Ковачевски, вели златоното правило при капиталните расходи и сега најавива не 32, не 38, 49 милијарди денари.

Но тоа е повторно уште една лага, истата манипулација како и минатата година, треба да кажат јасно и гласно на граѓаните дека буџетот е наменет исклучиво за крадење, бидејќи таа е последната година, последните месеци од тоа тие да бидат власт во Македонија, но не треба да заборават дека следната влада ќе повика на одговорност и нема да биде уставно туку така да ја напуштат владата, бидејќи ако мислат дека вака рекордни расходи ќе ги крадат во договори и тендери во 4 очи, тука се лажат“, додаде Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи