ВИДЕО – Мицкоски: Османи да им се извини на Македонците за политиката што ја води со Бугарија


Министерот за надворешни работи треба да води сметка дека тој ја добива својата месечна плата и овој луксузен живот кој го води од граѓаните во Македонија и треба да ги штити интересите на граѓаните во Македонија, не да ги штити интересите на граѓаните на во случајот соседна Бугарија, истакна денеска Мицкоски, при посетата на Прилеп.

„Мислам дека треба малку поодговорно да се однесува кон чувствата на граѓаните во Македонија, тука пред се мислам на чувствата на Македонците и мислам дека ваквите изјави не само што не одат во прилог на релаксирарање на и онака поларизираната состојба, а поларизирана е поради однесувањето на Владата и потпишувањето на оние егзибиционистички калкулантски договори со кои ние како Македонци губиме се, а бугарската држава добива се од тоа што го бара. И затоа мислам дека во периодот кој што следи единственото нешто што нему му преостанува е пред се да им се извини на неговите сограѓани Македонци за болката која им ја нанесе со неговото министерување и начинот на кој што го води овој процес со нашиот источен процес и да даде поддршка на Македонците од таа страна на границата, во насока да тие културно се организираат и да можат да ги остваруваат своите права таму во Бугарија, а не да биде против нив практично како што тоа го прави“, рече Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи