ВИДЕО – Се доделија наградите „3-ти Ноември“ во Прилеп


На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, вечерва, беа доделени третоноемвриските награди. Наградите се доделуваат секоја година по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, а годинава се навршуваат 78 години од конечното ослободување на Прилеп од фашистичкиот окупатор.Седницата ја отвори претседателот на Советот, Дејан Проданоски, кој го додели наградите заедно со градоначалникот Борче Јовчески.

НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО – ЗЛАТНА ПЛАКЕТА се доделува на : КИРИЛ ГЕГОСКИ – ликовен уметник за животни достигнувања и афирмација на уметноста.

 

 

Награди – плакети по повод 3-ти Ноември се доделуваат на:

1.ЊУ ЏЕНЕРЕЈШН – здружение за модерни танци – за постигнати резултати во областа на танцот.

2.КЛУБ ЗА БОРЕЧКИ СПОРТОВИ И РЕКРЕАЦИЈА „7-МИ МАЈ“ – за достигнувања во областа на спортот.

3.ШАХОВСКИ КЛУБ ПРИЛЕП – за постигнати успеси во шахот и афирмација на Прилеп.

4.КОМПАНИЈА ГРАБИТ ДООЕЛ – за особен придонес во развојот на ИТ технологијата и локалното стопанство.

5.TUNING CAR SHOW – спортско туристичка манифестација – за придонес во алтернативниот туризам и афирмација на Прилеп.

6.ФОТО КИНО КЛУБ ПРИЛЕП – за постигнати резултати во воспитувањето на млади таленти во областа на фотографијата и филмот

 

 

 

 

 

 

 

Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември се доделуваат на:

 

1.СУЗАНА СПИРКОСКА – одделенски наставник – за особен придонес во реализацијата на образовниот процес

2.ВЕСНА ШЕРЕМТКОСКА – автор – за особен придонес во развојот на литературното творештво

3.ДУШКО ТЕМЕЛКОСКИ – археолог, кустос – за особени постигнувања во областа на археологијата

4.ВАЊА ЃОРЃИОСКИ И ФРОСИНА АЦЕВСКА – за освоено 1 место на Светско финале на Меѓународен натпревар по англиски јазик – Хипо.

5.РУБИНЧО СЕДЛОСКИ И ГОРАН АНГЕЛЕСКИ – ракометни судии – за особени достигнувања и афирмација на спортот.

6.МЕНЧЕ НАСТОСКА КАДИНЕЦ – доктор од областа на медицината – за особен придонес и унапредување на квалитетот на здравството во Прилеп

7.МИРОСЛАВ ДИМИТРИЕСКИ – доктор по земјоделски науки – за особен придонес во стручно-научната истражувачка работа

 

 

 

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи